(ВИДЕО) Петров : 2019 беше година на економски успеси, порасна минималната плата, а невработеноста опадна на 17.1 отсто

0
1064

Прес конференција на СДСМ, Коста Петров, потпретседател на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

2019 година беше година на економски успеси. Тоа го потврдуваат сите параметри и економски показатели.

Според податоците од Државниот завод за статистика, просечната плата во октомври 2019 година изнесувала 25.726 денари.

Тоа е зголемување од 3,7 отсто или за над 900 денари повеќе од истиот месец во 2018 година.

Платите растеа во сите сектори. Во 2019 година повисоки плати добија вработените во здравството, образованието, детските градинки, социјалната служба, одбраната, полицијата, јавната администрација.

Од декември минималната плата ја зголемивме на 14.500 денари. Тоа е за 5.500 денари повеќе во однос на 2017 година кога минималната плата инесуваше само 9.000 денари.

Го поттикнуваме и растот на платите во приватниот сектор, преку мерката за субвенционирање на придонесите за оние кои ќе ја зголемат платата на своите вработени до 6.000 денари. За оваа мерка, субвенции од државата досега побарале вкупно 8.000 фирми, а повисоки плати ќе добиваат околу 45.000 вработени.

При тоа оваа бројка ќе биде зголемена за уште 1.300 работодавачи или 47.000 вработени,откако ќе ги надминат техничките пречки.

Вклучително со нив,  вкупната бројка на работници кои ќе добиваат поголеми плати изнесува 92.000.

Се отвораат нови и подобро платени работни места. За две и пол години, преку конкретни и успешни економски политики на СДСМ отворени се околу 60.000 работни места. Огромен дел од тие се во реалниот, приватен сектор.

Сето тоа придонесе стапката на невработеност да опадне на историски минимум и сега таа изнесува 17.1 отсто.

Во 2019 година целосно го заокруживме концептот Парите назад кај граѓаните, преку мерката Мој ДДВ. Со оваа мерка, за првпат државата враќа пари директно на сметките на граѓаните. Во октомври кон граѓаните беа исплатени над 3 милиони евра за поврат на 15 отсто на платеното ДДВ.

Почитувани,

Она што го постигнавме во 2019 ни дава право и мотив да продолжиме уште попосветено во новата 2020 година.

Платите ќе продолжат да растат.  Веќе за овој месец платите за вработените во основното, средното и високото образование се зголемуваат за 10 отсто.

Од февруари повисоки плати ќе добиваат и вработените во здравството.

Февруари е месецот кога повторно ќе се исплаќа поврат на 15 отсот од ДДВ. Над 3,7 милиони евра ќе се исплатат кон граѓаните за поврат на ДДВ за месеците октомври, ноември и декември.

Покрај платите растат и пензиите. Јануарската пензија за 320.000 пензионери ќе биде повисока за 700 денари, а со законското усогласување, пензиите ќе порасната за околу 900 денари. Со тоа просечната пензија ќе изнесува 15.500 денари.

Продолжува и поддршката за отворање нови работни места.

Со Оперативниот план за 2020 година, предвидени се рекордни 1,3 милијарди денари за активни мерки и програми за вработување.

Почитувани,

Економските политики на СДСМ се на прав пат. Платите растат, се повеќе пари завршуваат кај граѓаните.

Продолжуваме на прав пат заедно со граѓаните.