(ВИДЕО) Петковски: Знаат дека ќе одат во затвор, единствена шанса е да ги фалсификуваат и овие избори

0
1518

И Груевски и Јанкуловска и Јанакиески, сите што правеле криминал, што имаат валкани раце, тие знаат дека ќе одат во затвор и единствена шанса е да одржат избори како што биле и досега. Како што ги фалсификувале изборите до сега да ги фалсификуваат и овие, вели во интервју за А1он лидерот на НСДП, Тито Петковски.

– Затоа не дозволија имплементирање на договорот од Пржино ниту пак прочистување на избирачкиот список. Тој требаше да биде готов до септември, смета Петковски.

Според него, лицемерно е да бараат уште малку време за да се комплетира Избирачкиот список, иако ДИК нема поднесено извештај дека избори може да се одржат, а тие го распуштаат Собранието.

Сметате ли дека оставките на ДУИ се политичка игра помеѓу коалиционите партнери?

– Мислам дека разговорите беа повод, толку пати беа прислушувани разговорите на Муса Џафери и Али Ахмети. Овдека станува збор апсолутно за договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ бидејќи ако гледате, целиот период ДУИ ја игра валканата улога, тој е појасот за спасување на ВМРО-ДПМНЕ. Сите избори досега предвремени се распишани од ДУИ, вели Петковски.

Целото интервју може да го погледнете ОВДЕ