(Видео) Петар Гошев повторно РАСПАЛИ: Груевски не го прочитал извештајот на ММФ!

0
1469

212020

Можно е да се случи Владата да се обидува да ги разубеди луѓето од Вистеон Електроникс, затоа што политичкиот момент не и одговара на Владата, тие да си заминат, бидејќи се отвора тема за која некој од нас предупредувале. Но, што друго ќе треба да дадат, е друго прашање, вели Петар Гошев, поранешен гувернер на НБРМ, во интервју за Економски магазин на Алсат-М телевизија.

Гошев додава и дека, премиерот Никола Груевски, не го прочитал извештајот на ММФ па затоа тврди дека тој бил позитивен, иако во извештајот е потврдено сето она на што досега алармираше критичката јавност. Тој дополнително посочува и дека бидејќи повторно е даден нов импулс на политичката корупција и таа цифрата на неизмирени обврски на владата кон стопанството до изборите ќе се зголеми драматично многу.