(ВИДЕО) Пендаровски: По 11 декември младите ќе добијат шанса за живот во Македонија, а не во странство

0
1459

Белата чума си го зема својот данок, иселувањето има неверојатни пропорции. Изминативе 10 до 12 години според податоци на Светска банка 600.000 луѓе се иселени од Македонија, претежно млади и паметни деца. Тоа е повеќе од четвртина од целокупната популација. Македонија немала никогаш ваков бран на иселување, дури ни во првите години од независноста кога околу нас, на балканските простори беснееја војни, изјави Стево Пендаровски, носител на кандидатската листа на СДСМ и коалиција во ИЕ 1.

(ВИДЕО) Пендаровски: По 11 декември младите ќе добијат шанса за живот во Македонија, а не во странство

Објавено на 27.11.2016 во 16:00:04 часот | Македонија

Белата чума си го зема својот данок, иселувањето има неверојатни пропорции. Изминативе 10 до 12 години според податоци на Светска банка 600.000 луѓе се иселени од Македонија, претежно млади и паметни деца. Тоа е повеќе од четвртина од целокупната популација. Македонија немала никогаш ваков бран на иселување, дури ни во првите години од независноста кога околу нас, на балканските простори беснееја војни, изјави Стево Пендаровски, носител на кандидатската листа на СДСМ и коалиција во ИЕ 1.

– Здружената опозиција на чело со СДСМ има намера ова да го прекине, со тоа што ќе даде можности за младите луѓе да остануваат тука, својата креативност и енергија да ја вложуваат во Република Македонија, а нешколувани, заокружени профили, професионални кадри да одат во странство и таму да допринесуваат за развој на туѓи држави.

Значи по 11 декември ние се обврзуваме да ги измениме законите каде што е тоа неопходно, и да донесеме конкретни политички мерки и решенија кои ќе им овозможат на младите луѓе, пред се тука да ја реализираат својата креативност, својата енергија, идеи и решенија, и дури потоа ако тука немаат шанса, да се обидат во странство.

Сега, владеачката партија им овозможува шанса за вработување само на оние кои се членови на владеачката партија, сите други се граѓани, не од втор, туку од десетти ред, и сосема е логично зошто младите луѓе бегаат од сопствената татковина, било каде во Светот само да не бидат тука, бидејќи нивната земја не им дава шанса за сопствена реализација – изјави Стево Пендаровски.