(ВИДЕО) Пендаровски: Потребна е широка граѓанска иницијатива за чист Изборачки список

0
1286

Во однос на Избирачкиот список, сите сведочиме какви злоупотреби изглегуваат само во последните неколку денови од кога стана достапна Веб страницата на Државната изборна комисија. Значи, без каква било теренска проверка, јасно е дека станува збор за огромна манипулација и она што е посебно важно, а се насетуваше малку и од бомбите од минатата година, сега се гледа во сета своја големина и широчина и длабочина е дека практично нема државна институција којашто не е инволвирана во давањето адреси за луѓето кои се увезени гласачи и кои не би требало да бидат на гласачкиот список во Република Македонија, вели Стево Пендаровски, носител на столбот Партнерства за Македонија.

И, практично не постои речиси ниту еден од високите функционери на партијата на власт ВМРО – ДПМНЕ до сега, кој не ја понудил својата домашна адреса, да се запишуваат десетици и десетици гласачи кои повторувам, не би требало да бидат запишани на тие адреси.

Значи потребна е широка граѓанска иницијатива, од невладиниот сектор, од сите поединци кои чувствуваат дека тој список конечно мора да се прочисти, за да добиеме предуслов, за да добиеме еден од предусловите за фер и демократски избори. Инаку, ваква каква што е состојбата, може да имаме само избори заради избори, а во суштина да имаме избори без избор.