(ВИДЕО) Пендаровски: Пари ќе има за 16.000 денари минимална плата и 30.000 просечна плата

0
1134

Изјава за медиуми на Стево Пендаровски, носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 1

Се наоѓаме пред седиштето на најбогатата политичка партија во Европа, која е десет години на власт во најсиромашната држава во Европа.

Нивните статистики кажуваат дека во изминатиов период тие наводно обезбедувале минимална плата од 9.500 денари и просечна плата од 22.000 денари. Меѓутоа во делот на  минималната плата самите тие во законот не ги ставија текстилните и кожарските работници кои се најголем дел од работниците на кои им треба ваква заштита.

Во делот на просечната плата 6п проценти според нивниот Завод за  статистика, кој знаете дека прима нарачки од владејачката партија   што да објави, 60 проценти се под 22.000 денари. Значи 60 проценти од вработените не примаат ни просечна плата која ни ја пропагираат.

Нашите предлози за минимална плата се далеку повисоки од овие фиктивни износи кои владејачката партија и нивната пропаганда ни ги кажува со години.

Нашиот предлог за минимална плата е 16.000 денари и 30.000 денари просечна плата до крајот на првиот мандата за периодот на мандатот 2016-2020 година.

Почитувани сограѓани, јасно е дека единствен излез на катастрофалната ситуација во која сме е во недела на 11 декември да се заокруќи бројот 4 во сите 6 изборни единици и на тој начин да дадеме шанса за нов почеток, за нов живот во Република Македонија.