(ВИДЕО) Пендаровски: Административци нема да бидете избркани, луѓе со партиски книшки нема да се примаат

0
1174

Изјава за медиуми
Стево Пендаровски, носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 1
Скопје 05.12.2016

Најдобро чувана државна тајна е колку луѓе реално се алиментирани од државниот буџет, а работат во администрацијата.

Во администрацијата луѓето се примаат и унапредуваат исклучиво по партиски критериуми, а не по критериуми на стручност, образование и компетентност.

Новата Влада, предводена од СДСМ, по 11 декември ќе преземе сет на мерки со кои драстично ќе ја подобри состојбата на админстрацијата и ќе овозможи таа навистина да биде сервис на граѓаните, а не партиска испостава на владејачката партија која служи како резервоар за таканаречени сигурни гласачи.

Прво ние ќе го објавиме регистерот на администрацијата, затоа што тоа не смее да биде тајна, не само поради меѓународната туку поради домашната јавност и луѓето плаќаат за таа администрација. Значи бројката на администрацијата мора да биде јавно позната по министерства, по сектори, по сите нивоа на цела територија на Република Македонија.

Во државната администрација нема да се примаат луѓе со партиска книшка. Единствен критериум за вработување во администрацијата ќе биде знаењето, вештините и пред се професионалноста и компетентноста.

Унапредувањето ќе биде според истите критериуми.

Она што посебно сакаме да го нагласиме е дека ниту еден човек што е вработен во администрацијата не треба да стравува за своето работно место по промената на 11 декември, освен оние, а тоа е мал број, кои го имаат прекршено законот. Значи со реорганизација на државната управа, со преквалификација сите ќе ги задржат своите работни места затоа што со паметен план за работа сите тие можат да придонесуваат за крајната цел, а тоа е ефикасен сервис за граѓаните , а не сервис за владејачката партија и секако не овозможување на сигурни гласови за таа партија да остане на власт бесконечно, без оглед на политичките резултати.