(ВИДЕО) Осум години голгота во скопските судови: Припадник на единицата „алфи“ претепал таксист

0
1025

Весна Стојановска 8 години се бори во скопските судови да ја добие правдата за сопругот кој бил претепан од полицаец алфа. Се смениле двајца судии од Кривичниот суд, и два судски советот во Апелационот. Ниту еден судија не успеал да го заврши предметот до крај со правосилна пресуда. Судењата најмногу се одлагале поради отсуство на обвинетиот, а без никаква санкција од судот, информира Телма.

makcik_storija

Настанот кој судот не може скоро една деценија да го расчисти се случил во центарот на Скопје. Богоја, сопругот на Весна возејки такси се разминал со алфите кои возеле непрописно. Одмавнал со раката по што тие го застале и почнале да му претураат во автомобилот. Богоја не се спротивставил ги кренал рацете и по ударите во нозете се онесвестил од болка бидејќи бил удрен во грбот.

По малтретирањето еден од алфите извадил значка и му рекол ти ја плукаш македонија, и раскажал Богоја на сопругата ноќта по тепањето.  Богоја со тешки повреди случајот го пријавил и во полиција од каде им било укажано да премолчат по што со лекарската докуменација заминал во обвинителството. Од таму започнува постапка која стигнува во судот каде 8 години е заглавена. Богоја бил дијабетичар и со проблеми со срцето од што и починал.

Полицаецот пред судот тврдел дека е невин но Богоја го препознал по специфичната бенка на лицето, раскажува Весна, која ја бара правдата од институциите.

Весна не бара ништо друго освен пресуда за алфата односно правда за сопругот кој поради повредата не дочекал да ги гледа внуците од трите деца. Таа најави дека овој случај сигурно ќе замине и во судот во Стразбур бидејќи е разочара и згрозена зошто македонското судство со години не може да го реши.

Видео ОВДЕ