(ВИДЕО) Орданоски: ВМРО -ДПМНЕ ќе се изненади за датумот на изборите, Груевски повеќе не може да ја диктира политичката агенда!

0
1280

Не е важно на кој датум ќе бидат изборите, туку правната држава и тоа е веќе сосема јасно. ВМРО – ДПМНЕ може да злоупотребува, но оваа партија веќе не ја диктира агендата на политичките настани во државата, оцени Сашо Ордановски на денешната втора јавна дебата на тема “10 години заробена држава (2006 – 2016)”, во организација на Транспарентност Македонија, пренесе А1он.

– Темата во Македонија веќе не се изборите, туку правната држава и мислам дека на секој паметен му е јасно дека изборите се второстепени, се турка таа тема од страна на власта. Гледам дека странците се обидуваат да направат барем една институција од која ќе тргне институционалната реконструкција на општеството. И мислам и датумот 5 јуни станува неважен како растат проблемите со комплетно и детално окупиран систем, рече Сашо Ордановски.

Според него ВМРО – ДПМНЕ нема мнозинство во парламентот бидејќи односите со коалициониот партнер се комплицирани и не може да ги спроведе ветувањата.

– На крај, доколку не успееме да консолидираме избирачки список, а јас не знам како ќе се успее во тоа за неколку недели. Јас ви вела дека на крајот ВМРО ќе се изненади, тие може да не разговараат за медиумите, така и за други работи, па на крајот ќе седнат да разговараат, а не е исклучено да се случат работи и без нивен разговор. Тие немаат мнозинство во праламентот за да можат да ја диктираат политичката агенда, рече Ордановски.

Целата сторија со видеото ОВДЕ