(ВИДЕО) Опозицијата побара Импичмент за Иванов!

0
1081

„Денеска пратеничката група на СДСМ и опозицијата покренува постапка за утврдување одговорност на лицето Ѓорѓи Иванов кој нелегитимно извршува функција претседател на Република Македонија.

Со својата вчерашна одлука, како што рече тој, за општа амнестија на политичарите, Ѓорге Иванов стана заштитник на криминалците, го погази уставот, законите и достоинството на граѓаните што е државен удар.

Дополнително му зададе смртоносен удар на договорот од Пржино.

Затоа бараме Собранието на Република Македонија да биде свикано за покренување на постапка за утврдување на одговорност на Ѓорѓи Иванов.

Ги повикуваме сите парламентарни партии да ја поддржат оваа иницијатива и да преземат чекор за враќање на уставниот поредок во Република Македонија“, изјави Горан Сугарески, координатор на Пратеничката група на СДСМ.