(ВИДЕО) ОО СДСМ Штип: Лошото работење на претпријатијата Исар и Стипион го блокираа Штип, бараме да се преземат итни мерки

0
1093

Прес конференција, ОО СДСМ Штип
Мики Тодоров, советник од СДСМ и коалициските партнери
Штип, 12.01.2017 годstip1201
Јавните претпријатија Стипион и Исар повторно паднаа на испитот за одржување на локалните патишта и улици во зимски услови. Затоа впрочем сведочат не исчистените коловози и тротоари, со кои се соочуваат граѓаните на општина Штип.

Не исчистениот снег и мраз на улиците го оневозможуваат безбедното движење на возилата и пешаците, а единствената причина за ваквата состојба е лошото и не одговорно работење на ЈП Стипион и ЈП Исар кои треба да се грижат за одржување на коловозите и тротоарите. Поради нивното не одговорно работење загрозени се безбедноста и здравјето на граѓаните, а десетици граѓани со скршеници завршија на ортопедското одделение.

Ваквата катастрофална состојба е резултат на лошата организациска поставеност, неодговорното работење, но и застарената и лошо одржувана опрема и механизација. На ова впрочем му кумуваше и мнозинството во Советот на о. Штип кое во неколку наврат и не ги прифаќаше предлозите на советничката група на СДСМ за обезбедување и пренамена на средста во буџетот за набавка на нова и соодветна механизација за одржување во зимски услови.

Од овие причини, но и имајќи ги предвид најавите за нови снежни врнежи во периодот што следи ние како советничка група од СДСМ и коалицијата ќе поднесеме барање за одржување на вонредна седница на Советотна о. Штип со единствена точка на дневен ред Предлог мерки за надминување на постоечката состојба и нејзино нормализирање.

На крајот, уште еднаш апелираме до сите надлежни, а пред се до градоначалникот Захариев и јавните претпријатија Стипион и Исар своите надлежности да ги извршуваат онака како што треба и единствено во интерес на граѓаните на о. Штип.