(ВИДЕО) ОО СДСМ Прилеп – Аџулеска : Бројни инвестиции и темелни реконструкции во прилепските градинки и училиштата

0
931

Весна Аџулеска – Член на комисија за образование при ОО СДСМ – Прилеп.

Со чесни и одговорни политики, власта на СДСМ покрај што ги покачи платите на вработените во образованието и градинките, темелно ги подобри и условите за одвивање на едукативниот процес и за грижа на најмладите.

Заложбите на локалната власт предводена од градоначалникот Јованоски и Владата предводена од СДСМ, резултираа со бројни инвестиции и реконструкции во прилепските градинки и училиштата.

За прв пат откако е изградена, поставен е нов покрив на градинката „Тризла1“, а нови покривни конструкции добија и ООУ „Климент Охридски“ и подрачните училишта во населените места Мажучиште и Тополчани, во вкупна вредност од 6.000.000 денари.

Ја довршивме и ја предадовме во употреба новата детска градинка во рамки на ООУ „Рампо Левката“.

Со средства во висина од 9.000.000 денари, комплетно се реновираа санитарните јазли во сите детски градинки и во шест општински училишта.

Поставени се нови врати и прозорци во детските градинки, во основните училишта „Рампо Левката“, „Добре Јованоски“, „Блаже Конески“, во музичкото училиште „Ордан Михајлоски – Оцка“, во подрачните училишта во Загорани и Алинци и во средното училиште „Ѓорче Петров“, во вредност од 10.000.000 денари.

Изградени се и опремени нови котлари во СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ и во градинката „Гоце Делчев“, а во тек е постапка за инсталација на нова комбинирана котлара (на нафта и гас) во гимназијата „Мирче Ацев“, во вкупна вредност од 8.500.000 денари.

Сите основни училишта и градинки се опремија со нови клупи и столчиња, во вредност од 10.000.000 денари, а во училиштата „Кире Гаврилоски“ и „Кочо Рацин“ целосно се реконструирани 23 училници, инвестиција од 6.200.000 денари.

Ги реконструиравме и спортските игралишта во ООУ „Рампо Левката“ и СОУ „Орде Чопела“, а во десетина училишта е поставена нова кабинетска опрема, компјутери, смарт табли, проектори и опрема за стручни предмети.

Градинката „Бончејца“ и подрачните училишта во Тополчани и Мало Коњари добија нови фасади, а со целосно нови подови се подновени други седум општински училишта.

Ова се само дел од инвестициите во училиштата и градинките во општина Прилеп, со кои драстично се подобрија условите за настава и грижа за најмладите.

Се држиме на дадениот збор и го исполнуваме ветеното.

Продолжуваме на правиот пат.