(ВИДЕО) ОЛИВЕР СПАСОВСКИ РАСПАЛИ ПО РЕЖИМСКИТЕ ПРДЕЖИ КРСТО МУКОВСКИ, ЈОХАН ТАРЧУЛОВСКИ И САШО ВАСИЛЕВСКИ : Најголем СТАП ќе јадат тие што ги отворија собраниските врати на ХУЛИГАНИТЕ!

0
4155

Одговори на новинарски прашања
Оливер Спасовски, генерален секретар на СДСМ
Скопје, 08.05.2017

Медиуми: Дали преговорите за новата Влада ќе се водат помеѓу Ахмети и Заев и дали е извесна вашата позиција односно функција во новата Влада?

Спасовски: Во однос на преговорите за Влада прво очекуваме Иванов да го додели мандатот, така како што е потребно да се случи понатаму ќе продолжат преговорите помеѓу политичките партии коишто го сочинуваат парламентарното мнозинство и дури потоа може да разговараме за позиции. Денеска ништо не е извесно освен што е извесно дека мандатор за Владата ќе биде господинот Зоран Заев, претседателот на СДСМ.

Медиуми: Господине Спасовски дали во меѓувреме господинот Заев ќе има средба со претседателот Иванов за евентуално да даде гаранции за унитарниот карактер на државата?

Спасовски: Ние очекуваме одлуката да излезе во Службен весник на Р.Македонија и после тоа и претседателот Заев и СДСМ се подготвени да разговарамесо Иванов во однос на доделувањето на мандатот.

Медиуми: Во однос на настаните од 27-ми, крвавиот четврток, очекувате ли да се повлече Марко Зврлевски од позицијата јавен обвинител?

Спасовски: Па видете, ако малку имаше достоинство било кој функционер што учествуваше директно или индиректно, кога говорам индиректно мислам на односите коишто се случуваа после настаните на 27-ми, секој треба да се повлече од оваа позиција се со цел да овозможи и да ги ослободи институциите да има вистинска истрага. Многу е значајно дека во тој момент се случи упад во Собранието, значи тоа е упад во витален објект којшто е од интерес за граѓаните на Р.Македонија. Тој треба да биде под посебна заштита и за тоа мора да одговара секој еден којшто бил дел од командниот систем на Министерството за внатрешни работи. Меѓутоа не помалку, а најважно е најголемата одговорност требаше да ја понесат оние коишто ги отвораат вратите. Ние гледаме, протекоа разни снимки од настаните во Собранието и можат точно да се идентификуваат луѓето коишто ги отворија вратите на Собранието на Р.Македонија од внатре. Тоа се главните виновници зошто насилниците влегоа во Собрание коишто беа договорени и верувам дека тоа здружение, таа група на луѓе којашто договарала убиство на македонските пратеници се дел и оние коишто биле надвор и оние коишто биле внатре.

Медиуми: Се навршуваат две години од случувањата во Куманово и тој настан до крај не е јасен за македонската јавност додуша во тек е уште судски случај против обвинтетите за тероризам. Еве кога ќе добиете извршна власт како ќе постапите во врска со овие случувања? Дали некаква посебна истрага ќе се отвори за до крај да се разјасни што се случуваше пред две години во Куманово?

Спасовски: Видете, на неколку дена пред случувањата во Куманово сакам да изразам сочувство и виситнско жалење за загубите коишто ги имаше Министерството за внатрешни работи и Р.Македонија. Овој крвав четврток ги покажа сите слабости на системот, пред се на безбедноста на Р.Македонија, на безбедносните служби, на Министерството за внатрешни работи и ако добро ја гледате Програмата на идната Влада на Социјалдемократскиот сојуз таму стои и тоа мора да го спроведеме да има детална нова истрага којашто ќе укаже на сите апекти од настаните во Куманово. Тоа мора да биде на еден транспарентен начин, да се расчистат сите можни дилеми, тоа им го должиме на граѓаните на Р.Македонија и тоа ќе го завршиме се со цел точно да се утврдат околностите под кои настанале и секој којшто учествувал со било каков придонес во однос на овој настан и на било кои други настани коишто ја загрозувале сериозно безбедноста на Македонија, ќе мора да одговара.

Медиуми: Дали сметате дека тоа што одлуката за избор на нов претседател на Собранието сеуште не објавена во Службениот весник е еден вид опструкција од ВМРО ДПМНЕ со оглед на тоа што директорот е кадар на нивната Унија на млади сили?

Спасовски: Јас тоа го констатирам. Јас сум сигурен во тоа дека сеуште настојуваат некои од директорите да бидат слуги на режимот и да допринесат уште ден, два останување, вештачко дишење на овој режим меѓутоа мора да сфати директорот на Службен весник дека тој не е директор којшто треба да оценува дали треба да објавува туку треба да ги објавни одлуките, а најмалку да ја цени одлукатана Собранието на Р.М. и тоа мора да се случи уште денеска.

Медиуми: Господине Спасовски, спомнавте дека на снимките околу отворањето на вратите се гледаат одредени пратеници кои ги отвораат вратите на Собранието, вие бевте еден од нападатните во Собранието. Ве контактираше ли некој од пратениуците на ВМРО-ДПМНЕ, остваривте ли било каков контакт во меѓувреме? Тоа е првото прашање. И второто прашање веќе во јавноста има одредени информации со список на предлог министри за новата Влада каде што се спомнува и вашето име. Дали се сметате за нов министер за внатрешни работи, односно дали вие ќе бидете предлог за таа функција?

Спасовски: Во однос на првото прашање, не реков дека тоа се пратеници. Сега ќе кажам – да, има пратеници кои се вклучени во отворањето на вратите на македонскиот законодавен дом. Најмалку тројца и уште најмалку тројца што помагале и дел од полицајци од внатрешното обезбедување кои помагале на овој наста. И неколку раководни структури во МВР кои имаат директна командна одговорност за немилиот настан за упад во Собранието, за рушење на уставниот поредок и за тоа ќе мора да има одговорност. За второто прашање, во однос на било какви имиња, сакам да кажам дека се шпекулации. СДСМ ќе мора да го собие мандатот и единствено што е извесно е дека мандатар за состав на Владата ќе биде Зоран Заев. А со пратеници од ВМРО-ДПМНЕ после настанот, мислам ако ме прашате мене лично, немам потреба да контактирам. Дали би контактирале со луѓе кои седат до вас а имаат мострузони сценарија за убиство? Но знаете, во политиката никогаш нема точки, никогаш нема НЕ, ќе мора да се остварува средба со чесниот дел на пратениците или со чесниот дел на таа политичка партија за која ќе мораме да разговараме за иднината на оваа држава.

Медиуми: Господине Спасовски, како го коментирате тоа што Јавното обвинителство подига обвиненија за 9 лица за насилствот во Собранието, а оштетените странки односно пратениците, се уште не се сослушани?

Спасовски: Тоа е работа на Обвинителството, јас само апелирам Обвинителството да работи сериозно, да ги утврди сите кривични дела кои што претставуваа рушење на највискиот законодавен дом и со обвинение или истрага да биде опфатен секој еден кој учествувал во овие настани и допринел Македонија да биде на работ на граѓанска војна. Сето друго е во рамкиите на истрагата и не би сакал да коментирам, туку сакам на крајот обвинтелите во Обвинителството да се одважат и постапуваат согласно закон.

Медиуми: Кога бевте министер за внатрешни, дали имавте информации за ризиците на Македонија за напад од други групи и освен тоа, дали дојдовте до некој доказ дека одредени државни службеници од службите се вмешано во случајот со Кумановски настани?

Спасовски: Во однос на првото прашање, сакам да ви кажам дека Македонија е постојано во еден безбедносен ризик и предизвик. И во однос на периодот кога сум бил министер, секако дека имало информации со кои се потврдуваат и тоа не е никаква тајна. Тоа сум го објавувал и по медиуми и во интервјуа дека Македонија поради геостратешката положба која ја има е постојано изложена на ризици. Ризиците мора да бидат менаџирани, а тоа може да се прави успешно, само ако имате професионализам во службите. Во однос на настаните, реков дека кумановските настани и некои други случаи ќе мора да бидат сериозно и транспарентно преиспитани во однос на случувањата, организацијата итн, а се со цел да можеме да излеземе со конкретни информации. Инаку, се што би кажал во овој момент би било шпекулација која може само да ги подгрее страстите во јавноста.