(ВИДЕО) ОК ВМРО-ДПМНЕ ПРИЛЕП : Одговорност за уништувањето на вештачкото езеро и штетите на земјоделците

0
1280

Веќе подолго време апелираме за катастрофалното менаџирање со прилепското вештачко езеро од страна на кадрите на власта.

Во текот на целиот летен период земојделците трпеа ненадоместливи штети на нивните земјоделски култури поради празното езеро.

Водата на езерото беше испуштена за да се изврши реконструкција на темелениот испуст на браната,  што според нашите сознанија таков зафат не бил извршен.

Ги прашуваме надлежните да одговорат, дали е вистина дека водата од вештачкото езеро залудно била испуштена?

Доколку е така, ќе сноси ли некој одговорност за уништениот рибен фонд на езерото, како и за огромните штети кои ги претрпеа земјоделците?

Доколку не е направена промена на испусниот вентил, за што се потрошени 9 милиони денари пари кои беа предвидени за реализација на овој проект?

Дали сега повторно после сезоната на наводнување одново ќе ја испуштате водата од езерото?

Имате ли грижа на совест за маките кои им ги предизвикувате на земјоделските семејства, кои уредно во пресрет на сезоната имаа потпишано договори за наводнување?

За ова одговорност мора да има и ќе има, сакале вие или неќеле!

Покрај сето погоре споменато, потсетуваме и дека градоначалникот Илија Јованоски во предизборието за локалните избори, ветуваше изградба на спортско рекреативен центар околу езерото.

Од ова негово ветување денеска нема ништо, впрочем како и од се останато што вети пред граѓаните.

Уништувањето на вештачкото езеро е само еден од скандалите кои ги тресат вашите удобни фотељи на власт, но малку ќе биде и полно со вода за да ја испере сета ваша неспособност и криминал.