(ВИДЕО) ОК ВМРО-ДПМНЕ ПРИЛЕП, МЛАДЕНОСКИ : Бесконечни лаги со нови рокови, Јованоски без срам одново патолошки лаже

0
1169

Лагите на градоначалникот Илија Јованоски немаат крај! Истите проекти кои ги најавуваше пред локалните избори само се пролонгираат со нови рокови, а од нивната реализација нема заковано ниту една шајка.

На оваа локација тука, Јованоски ветуваше изградба на здравствено-спортско рекреативен центар со затворен базен, а сега фамозниот проект по којзнае кој пат се пролонгира и ќе бидел завршен во 2021 година.

Замислете, градоначалникот и власта на СДСМ во заминување во само една година ќе изграделе затворен базен, градинка, ќе направеле реконструкција на старата чаршија, ќе граделе булевари, мостови и што ли уште не…

Верува ли уште некој во овие празни лаги и зборови кои се преточуваат во така наречени развојни програми?

Се што е во интерес на граѓаните се одолговлекува, а експресно се реагира и се даваат одобренија за приватни проекти, градби и детални урбанистички планови.

Вистината сепак е следна… Јованоски и СДСМ ќе ги исполнат овие ветувања колку што го исполнија ветувањето за 20% пониски сметки за вода, кои патем сега се повисоки за 60%.

Градоначалникот пред избори не вети уште бесмртност, а откако е дојден на власт се грижи единствено за своите партиски другари, роднини и лични соработници.

Кога веќе одново ветувате, ве прашуваме…. До каде е изградбата на мовчето во населбата Сточен пазар и дали со анекс договори ќе се зголемува и така астрономската сума од 500.000 евра?

Граѓаните се смеат на вашите нови ветувања и со нетрпение чекаат да ви пресудат позади избирачките паравани.

Вие сте прочитана книга и од вас фајде повеќе нема!

На 12-ти април Прилеп ќе гласа за Обнова на Република Македонија и нова власт која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.