(ВИДЕО) ОД УТРЕ НОВИ ПРОТЕСТИ – поенергични и помасовни!

0
1156

Граѓанската организација „Протестирам“ на својот Фејсбук профил објави дека денеска нема да биде организиран протест во Скопје, туку дека тие ќе продолжат утре од 18 часот, кои, според нив, ќе бидат побројни, покоординирани и со нови сили и енергија.

Во изминатите десетина дена тие традиционално тргнуваа пред Специјалното јавно обвинителство и завршуваа пред владината зграда, а во меѓувреме протестираа и пред други државни институции, бојадисувајќи ги во различни бои, поради што оваа иницијатива симболично беше наречена Шарената револуција.

Демонстрантите ќе протестираат се додека претседателот не ја повлече аболицијата и не си поднесе оставка, не се откажат изборите и не се формира преодна влада за имлементација на препораките на Прибе, не се формира посебно судско одделение за предметите од СЈО итн.