(ВИДЕО) Од СДСМ не бегаат од незгодни прашања како што бегаат мафијозите на ДПМНЕ – Шилегов: Иванов да не става пречки, да го додели мандатот во интерес на граѓаните и државата!

0
1425

Одговори на новинарски прашања,
Петре Шилегов портпарол на СДСМ
Скопје, 13.03.2017

Медиуми: Претседателот Иванов денеска кажа дека не се отстранети пречките за давање мандат. Кој е вашиот став по донсо на ова и што ќе преземете по однос на избор на Претседател на Собранието?

Шилегов: Единствените пречки во овој момент во Македонија се токму Ѓорге Иванов и Никола Груевски. Ѓорге Иванов треба да престане со одолговлекување бидејќина тој начин го штити Никола Груевски и криминалното раководство од спроведување на волјата на мнозинството граѓани во државата,а тоа е да се основа нова реформска европска влада. Што побргу го додели мандатот, толку побргу ќе се стабилизира Македонија.

Медиуми: Што доколку не го додели мандатот? Ќе одите ли на избор на претседател на Собранието, затоа што најавивте и консултации?

Шилегов: Најавивме дека во текот на оваа недела, со партиите кои го претставуваат владиното мнозинство ќе извршиме консултации за да се продолжи конститутивната седница на Собранието на Р.М. Штом за тоа ќе имаме созреана информација за споделување со јавноста, тогаш ќе ја споделиме.

Медиуми: Дали по завршување на консултациите ќе одите кај Иванов со предлог?

Шилегов: Ќе мораме прво да ја завршиме конститутивната седница, па потоа ќе предложиме. Иако, повотрувам, не постојат ниту уставни, ниту законски ниту било каков друг вид на пречки за да се даде мандатот на претседателот на СДСМ, со што би имале мирен трансфер на власта.

Медиуми: Имате начелна согласнот за Претседател на Собранието?

Шилегов: Консултациите се во тек, како што кажав, штом ќе имаме било каква информација, ќе ја споделиме со јавноста.