(Видео) Од криминалот и глупостите на Грујо се вадат неизмерен број на пародии – Погледнете ја најновата пародија за „Скопје 2014“ на Дамир Никшиќ

0
1111

damirniksicZaSk-685x320 (2)

Дамир Никшиќ, босанскиот концептуален уметник кој прави реинтерпретации, римејкови, пародии на веќе видени и слушнати филмови, изјави, песни, концепти, и ги става во сосема нов контекст, го посети и Скопје, каде снимил две видеа за новиот изглед на градот.

Никшиќ овие видеа со обиколка и анализа на градовите ги објавува на својот Јутјуб канал. Тој се подбива со проектот „Скопје 2014“ за кој вика дека ваков „стил“ нема никаде во светот, а и претпоставува како се трошеле пари за ваков „фалшлив проект“, кој е преплатен.

-Не сме мали деца. Уметноста е убиена, за да се исперат парите“, вели авторот.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=YI4B-QdqUnc[/youtube]

Студирал ликовна академија во Сараево, Милано и Болоња, а бил и на постдипломски студии на Универзитетот во Аризона, САД, каде магистрирал ликовна уметност и историја на уметноста.

Одредено време беше и визинтинг професор на универзитетот во Масачусетс, САД.