(ВИДЕО) Одмазднички чин на мафијата против Бејта : ВМРО-ДПМНЕ ми испрати полиција во канцеларија!

0
1707

Финансиската полицијата денеска тропна на вратата од канцеларијата на градоначалникот на Гостивар, Невзат Бејта. ТВ 21 дознава дека најмалку тројца полицајци го посетиле првиот човек на општината. Нашата екипа го сними нивното влегување во општината, но сепак ниту еден од полицајците не сакаше да ги открие причините поради кои ја посетиле општина Гостивар.бејтагост

Бејта ја обвини полицијата дека нивната посета е по политичка нарачка, и воедно ја обвини ВМРО-ДПМНЕ за уцена. Тој вели дека наредбата за контрола била издадена од комитетот на ВМРО-ДПМНЕ, по неговата изјава за ТВ 21 дека не познава Албанец кој посакува коалиција со Груевски

ТВ 21 во однос на обвиненијата на Бејта, побара одговор и од ВМРО-ДПМНЕ, од каде ни рекоа дека одговор за денешниот настан треба да се бара кај државните институции.

Од Финансиската полиција велат дека за ова прашање ќе се произнесат утре. Инспекторите во канцелариите на општина Гостивар, барале нерегуларности за инфраструктурен проект во селото Тумчовиште. Проектот чинел 80 илјади евра, а од општината велат дека целата постапка била испочитувана. Бејта и претставникот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, пред две години го пуштија во употреба патот кој го поврзува селото Тумчовиште со селото Чегране.

Инаку пред само неколку дена потпретседателот на ДУИ изјави дека нема Албанец кој сака коалиција со Груевски, на што следуваше реакција од Груевски, велејќи дека Бејта се восхитува на неговата работа како премиер.