(ВИДЕО) ОДГОВОР НА НОВИНАРСКИ ПРАШАЊА – Заев: Убеден сум дека ќе го формираме парламентарното мнозинство!

0
1314

Одговори на новинарски прашања

Зоран Заев, претседател на СДСМ

Скопје,30.01.2017

Заев: Убеден сум дека ќе го формираме парламентарното мнозинство!

П1: Дали имате конкретен став околу платфомата на албанските партии?

Реков во еден наврат дека имаме суштински и суштествен став и по платформата на албанските партии, потпишана зад којашто стојат сите, верувам дека и ДПА стои позади ваквата платформа но истовремено и за предусловите на ДУИ. Јас се надевам дека ќе го добиеме мандатот за да веднаш ги соопштиме тие наши ставови, но впрочем тоа и може да го насетите. Ние се залагавме за едно општетсво за сите. Нашиот став е граѓанинот во центарот на вниманието на идната Влада. Оттука, целосно сме позитивни од овие аспекти и доколку мандатот биде час поскоро даден во наши раце верувам дека веднаш ќе ги отвориме на траснпарентен и  јасен начин, за да бидат јасни и недвосмислени за сите граѓани на Р.Македонија.

П2: Што ќе прави СДСМ ако Иванов не ви го додели мандатот? Какви се вашите идни чекори?

Знаете дека секогаш постои решение. Не треба да губиме ни ден повеќе. Македонија ги очекува промените и тие ќе се случат во нашата земја и јас навистина апелирам господинот Иванов час поскоро да го додели мандатот. Само тоа е уставно и само тоа е очекувано. Постојат алтренативни решенија, не би сакал да ги коментирам заради тоа што секогаш има одговор на нешто  коешто е непринципелно, не дај Боже незаконски или неуставно. Постојат решенија.  Се изнаитрија граѓаните и видоа `се. Секој што се обиде во минатото да го крши Уставот да прави незаконски чекори, нешто што е надвор од нормала, веднаш има контрареакции и повтроно се враќаат процесите во нормала.

П3: Дали уште од синоќа е договорено со ДУИ? Дали вие или претставници на СДСМ сте разговарале со ДУИ синоќа?

Во ДУИ се разговараше колку што знам, за предлозите од мандаторот Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Синоќа немавме разговори. Јас имав средба, имав комуникација со господинот Ахмети во претходните денови, секако имаше и една средба на која што разговарав со потпретседателите на ДУИ. Таа работа ако треба да ја соопштат, тие треба да одлучат да ја соопштат, затоа што тоа беше во време кога мандатот во своите раце го имаше ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски. Ако ние го добиеме мандатот, ќе ги соопштиме сите ставови кои се поврзани со нас. Ако прашањето е конкретно – дали синоќа имало разговори меѓу нас и ДУИ, тогаш не.

П4: Имате ли вие обезбедено мнозинство во Парламентот?

Сето тоа е нешто од следните чекори којшто следуваат во Република Македонија. Членот 90 од Уставот вели Ѓорге Иванов е должен во рок од 10 дена од конституирањето на Парламентот да го додели мандатот на партија или партии којшто ќе обезбедат мнозинство во парламентот, се работи за мнозинство за формирање на Влада, минимум 61 пратеник. Тој одлучи да не чека некој да му демонстрира мнозинство и се пушти да го даде мандатот на партијата со најмногу мандати, еве, партијата со најмногу мандати или коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ со најмногу мандати не успеа да формира Влада и логично е мандатот да биде даден на втората по мандати партија во парламентот а тоа е коалицијата предводена од СДСМ. Согласно тоа, мандатите и мнозинството, како и платформата за влада се обезбедуваат по пат на преговори и разговори. Ние досега немавме можност тоа да го обезбедиме. Јас сум убеден дека ќе го формираме парламентарното мнозинство и дека ќе ја формираме идната влада.