(ВИДЕО) ОВОЈ МИНИСТЕРОТ СО БЕМКА ДА ТИ БИЛ ОПАСЕН ДИПЛОМАТ И БАТКА – Димитров: Бугарија ќе го прифати македонскиот јазик

0
2562

Бугарија ќе го прифати македонскиот јазик, вели министерот за надворешни, Никола Димитров, по дводневниот престој во соседна Бугарија оваа недела. Шефот на македонската дипломатија додава дека Договорот за добрососедство е составен врз основа на Декларацијата потпишана меѓу Скопје и Софија во 1999 година, во која се наведува македонскиот јазик.

Новиот договор, според него, ќе значи унапредување на документот. Димитров е оптимист дека ќе се најде и решение за проблемот со малцинствата во двете земји.

Димитров не откри повеќе детали од Договорот со Бугарија кој е само еден од условите за продолжување на процесот за евро-интегрирање на Македонија. Но премиерот, Зоран Заев изрази уверување дека до крајот на годината Македонија да добие безусловна препорака, а следната година и датум за почеток на преговорите со Брисел.

Заев и Димитров денеска му беа домаќини на министерот за надворешни работи на Норвешка, Борге Бренде. По средбата, шефот на норвешката дипломатија рече дека Македонија треба да учи од искуството на Норвешка, која пред 100 години беше една од најсиромашните земји во Европа, а сега благодарение на владеењето на демократијата е една од земјите со највисок животен стандард. Тој додаде дека ќе се обиде одново да ја отвори норвешката амбасада во Македонија, која беше затворена пред пет години.

За интеграцијата во ЕУ денеска зборуваше и вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, кој оцени дека со формирањето на новата Влада заврши политичката и институционална криза.

Македонија минатата недела ги обнови дипломатските контакти и со Грција, едни од клучните за решавање на спорот за името и отворање на пат за евро-атланско зачленување. Во иднина се очекуваат и подинамични комуникации и со другите соседни држави.