(ВИДЕО) ОВОЈ МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ СО БЕМКА Е ОПАСЕН БАТКА, ДОЈДЕ ДУР ВО ПРИЛЕП НА МАЦКО ДА МУ НАПРАВИ АНТИ ЛОПОВСКА ПЛАТФОРМА

0
2279

Чест ми е што сум тука да го поддржам Илија, кандидатот за градоначалник.

Мислам дека тоа што го почнавме во Декември, имаме сега прилика и шанса да го завршиме со локалните избори, се разбуди Македонија, ни требаше извесно време.

Успеавме како народ да се организираме во услови кога ни потфрлија институциите, потфрли полицијата, потфрли судството, потфрлија јавните обвинители. Се собравме, разни линии прекршивме, да се дигнеме заедно и да кажеме не, и на страмот и на очигледното зло и сега би требало да е полесно бидејќи нема страв, да ја завршиме таа работа и да го дигнеме системот.

Јас во рамките на моите наддлежности во Владата се обидувам да го отворам патот напред, мора да има Македонија иднина и мора да има перспектива, ако сака да си ги задржиме нашите млади дома. Мора да работиме многу почесно, мора да не се преправаме, тоа што го зборуваме проекти итн, да биде вистина, да биде суштина, да не биде само фасади и мислам дека созреавме овие неколку години, мислам дека можеме да препознаеме кој зборува и кој си го почитува зборот и кој прави.

Мислам дека не сме веќе робови на буквите, гледаме што е целта и кои се идеалите, а не кој под какви букви настапува, барем јас ова го доживувам како битка за Македонија, да си ја спасиме државата, да си ги задржиме децата тука.

Уште 8 дена имаме шанса да разговараме, да отвараме прашања и во Недела да си ја затвориме работата и да ја завршиме таа приказна што ја почнавме во минатиот Декември.

 

Прес конференција на министерот за надворешни, Никола Димитров