(ВИДЕО) Ова е највалканиот човек на светот, не се капел 60 години!

0
2021

Иранецот Амоу Хаји не се капел 60 години, бидејќи верува оти поради водата луѓето се разболуваат.

Овој 82-годишен човек живее во потполна изолација во селото Дејгах во јужен Иран бидејќи според него, тој имал лошо искуство со луѓето.

Мрази каков било контакт со водата, се разбеснува дури и само ако некој му предложи да се капе. Успешното избегнувањето на водата довело до тоа неговата кожа да биде иста боја како и земјата, па лесно може да се „стопи“ со околината.

Многу сака да пуши, а кога ќе му заврши тутнот, лулето го полни со животински измет. Не се шиша со ножици, туку со пламен ги подгорува краевите на косата. Во зима носи шлем од Втората светска војна.

Не живее во куќа, туку во дупка ископана во земја, која повеќе личи на гроб.