(ВИДЕО) ОВА ГРУЈОВО ШИЛЕЖЕ ОД СЕГА ЌЕ ПРОДАВА ПЕЧЕНИ КОЧАНИ ПО ТОА ПЛАЖИТЕ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО : Владата на синоќешната седница почна постапка за отповикување на Николовски како амбасадор на Македонија во Брисел

0
2558

Владата на синоќашната седница ја запре постапката за именување на Александар Николовски за нов амбасадор на Македонија во Брисел. И покрај тоа, денеска тој се појави на Комисијата за надворешна политика, за да ги презентира своите приоритети како иден шеф на мисијата на Македонија во Европската унија.

Од парламентарното мнозинство тврдеа дека претседателот на комисијата, Антонио Милошоски недоловнички ја закажал и ја одржал седницата, бидејќи за неа немало кворум.

„Спротивно на деловничките одредби Антонио Милошоски свикал комисиска седница. Се знае дека комисијата не може да се започне без кворум. Тој не го известил ниту претседателот на Собранието ,Талат Џафери, што е спротивно на собраниската практика.Од друга страна за парламентарното мнозинство оваа дискусија е беспредметна, затоа што владата синоќа ја прекина постапката за номинација на Александар Николовски, рече пратеникот на СДСМ, Томислав Тунтев.