(ВИДЕО) Нови снимки на Ла Верита: КАТИЦА ФАТЕНА ЖИВА ВО ЛАЈНА ДО ШИЈА, ЗА ПРВ ПАТ СЕ СПОМЕНУВА И ИМЕТО НА ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ!!!

0
1493

Вебсајтот на италијанскиот весник Ла Верита денеска објави трета група на снимки поврзани со случајот „Рекет“, односно телефонски разговори меѓу првосомничениот Бојан Јовановски – Боки 13 и бизнисменот Орце Камчев, а според весникот, се вклучува и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, преку телефонот на Јовановски.

Јовановски во разговор со Камчев споменува и Зоки, за кој потоа има појаснување, дека се работи за Заев, велејќи дека ќе има средба со него.

БЈ: Утре се глеам со него

ЈК: Со Дејан?

БЈ: Не

ЈК: Со Жаре?

БЈ: Со Зоки.

ЈК: Со Зоки?

БЈ: Со Заев.

ЈК: Мислам дека он нема да праи проблеми, но ти ќе си збориш и ќе ми кажеш

БЈ: Знам што збори он, знам што сум зборел со него за тебе, работи кои никој не ги знае

ЈК: Ок шефе

БЈ: Ќе ме испратиш до врата?

ЈК: Апсолутно

Весникот објави кратка и долга верзија, кои ги пренесуваме во продолжение: