(ВИДЕО) Николовски: Одговорност мора да има за неисчистените канали

0
1040

Изјава за медиуми,

Љупчо Николовски, член на Извршен одбор на СДСМ

Скопје, 22.08.2016

Се наоѓаме кај ободниот канал Камник-Синѓелиќ-Стајковци-Брњарци и Арачиново којшто со години е неистичен.

Овие неисчистени канали се потврда дека потфрлањето на институциите е причина за многу човечки животи.

Огромни суми пари, преку програмата за рурален развој, на сомнителен начин завршувале кај фирми и лица блиски на власта а каналите останаа неистичени.

Злоупотреби со парите на граѓаните, тешки 3 милиони евра, потврди и Државниот ревизор.

Во вакви услови ВМРО-ДПМНЕ фрла 18 милиони евра за Панорамско тркало.

За злоупотребите на парите на граѓаните поднесовме и кривична пријава за полтронот на Никола Груевски, министерот Цветков.

Корупцијата и криминалот однесоа многу човечки животи.

Затоа политичка, морална и кривична одговороност мора да има.

Новата, одговорна влада предводена од СДСМ целосно ќе ги обесштети граѓаните и земјоделците.

Дополнително, ќе инвестираме 10 милиони евра годишно само за системи за наводнување и одводнување за граѓаните и земјоделците да бидат спокојни.