(ВИДЕО) Николовски : Новата Влада ќе ги исплати субвенциите на земјоделците, ќе има одговорност за блокадите и штетите!

0
1530

Прес конференција,
Љупчо Николовски, пратеник
Скопје, 25.04.2017

Почитувани граѓани, почитувани земјоделци,

Само избор на Влада веднаш е решение за проблемот на земјоделците со субвенциите, што го создаде несовесната, неодговорна и криминална власт во заминување!

Новата Влада, веднаш по изборот, ќе ги исплати субвенциите на земјоделците за 2016, како и задоцнетите за претходните години и веднаш ќе обезбеди повисоки и редовни субвенции, согласно закон.

Го разбираме револтот на земјоделците кон криминалната власт во заминување, затоа што си ги наполни своите џебови, ама ги банкротираше земјоделците.

Нема оправдување за четирите месеци лаги на најодговорните во овој сектор. Нема оправдување за тоа што го направија Цветков, Миноски и Златков, на чело со Никола Груевски.

Лагите завршуваат. Првин беше проблем Изборниот Законик, па директорските смени во Платежната агенција, па се полагаше англиски јазик, па се чекаше министерот за финансии од Америка, за да секојдневно Цветков најавуваше, од секој понеделник, од секоја среда, почеток на исплата на субвенциите.

Затоа реагиравме, затоа што сме соочени со една неодговорна власт во заминување.

Земјоделските субвенции не се партиска мерка, туку се државна мерка. Проблемот на земјоделците може да им се случи и на вработените во училиштата, градинките, општините кои по 15 мај остануваат без градоначалници и совети, а со тоа и без плати. Затоа веднаш мора да прекинат неразумните блокади на ВМРО-ДПМНЕ.

Порачуваме дека парламентарното мнозинство нема да дозволи никој да си поигрува со граѓаните и со државните интереси. Ќе има нова Влада! Новата Влада ќе го реши и проблемот на земјоделците и ќе обезбеди стабилност и квалитетен живот на сите.