(ВИДЕО) Николовски: Над 20 кандидати се пријавени на повикот на СДСМ за ад хок телото за медиумите

0
1462

Одговор на новинарско прашање на Љупчо Николовски:

Колку се пријавени на конкурсот за ад-хок телото за надзор над медиумите и за главен и oдговорен уредник на Македонската радиотелевизија?

Она што можам во моментов да го кажам е дека по истекот на рокот на овој повик за пријавување на кандидати за членови на ад-хок телото за следење на медиумите и за главен и одговорен уредник на Македонската радио телевизија пријавени се над 20 кандидати, професионалци. Во текот на денот ќе извршиме интензивни консултации и координации со професионалните здруженија на новинарите, со граѓанските здруженија, со невладините организации, по што ќе имаме повеќе детали. Она што во моментов можеме да го кажеме е дека над 20 луѓе, професионалци се имаат пријавено на повикот заклучно со рокот што беше вчера.