(ВИДЕО) Николовски ЖЕСТОКО РАСПАЛИ по тоа ТАСТЕРИТЕ на ВМРО-ДПМНЕ во Собрание : Спречувате 100 милиони евра да им бидат исплатени на земјоделците

0
2141

Пратеникот Николовски, во денешното обраќање повторно го обвини претседавачот Трајко Вељаноски за кршење на деловникот.

– Дозволивте пратеникот Љупчо Димовски да го крши деловникот затоа што постојат сериозни индиции и кривични пријави, кои говорат дека во моментов кога ја правите блокадата на Собранието ги стопиравте 100-те милиони евра субвенции кои треба да им се исплатат на земјоделците. Во овој период на блокада се знае дека следниот месец се загрозени исплатата на пензиите, платите, социјалната помош. Токму како резултат на оваа блокада, дозволивте аболицирани за криминал да го опструираат Собранието“, рече пратеникот од СДСМ.

Николовски го обвини Љупчо Димовски дека кога бил министер за земјоделство потпишал цесија на незаконски договор на фирмата „Корал“, која претходно била сопственост на сопругата на градоначалникот на Демир Капија.
„Незаконски дозволивте исплата на стотици илјади евра за субвенции кои не отидоа кај вистинските земјоделци, туку кај ваши функционери“, рече Николовски.