(ВИДЕО) НЕ Е ЛЕСНО ДА СИ КРВНИК ОВИЕ ДЕНОВИ – ФАНТАСТИЧНА БРКАНИЦА НА НОВИНАРИТЕ ОД АЛСАТ-М И ПРАТЕНИКОТ НА ВМРО-ДПМНЕ, КРСТО МУКОСКИ : НОВИНАРИ ГО БРКАА КРСТО ДА ГО ПРАШААТ ЗОШТО ГИ ПУШТИЛ ХУЛИГАНИТЕ НА ГРУЈЧЕ ВО СОБРАНИЕ ДА ГИ ЛИКВИДИРААТ ПРАТЕНИЦИТЕ НА ОПОЗИЦИЈАТА!

0
4044

Вчера новинарот на Алсат М, Адријан Керими, по пауза од некаде месец дена повторно имаше “мини прошетка” со пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Муковски за кого постои видео како ги отвора вратите на Собранието на 27 април а сè уште не е повикан во Обвинителството за организиран криминал.

Главниот протагонист, Крсто Мукоски денеска освен тоа што потврди дека не е повикан од обвинителниот орган, вели и дека не се чувствува виновен. Мукоски не кажа од кого добил наредба да ги отвори портите.

Во однос на истрагата за 27 април од Обвинителството за организиран криминал не даваат детали. Постапката била во тек. Освен Крсто Мукоски, на некои од објавените видеа се гледа како и некои други пратеници евентуално ја насочуваат толпата кон прес-салата како Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Љупчо Димовски и Жаклина Пешевска. Од Обвинителството неодамна соопштија дека сите за кои постои некакво сомневање дека биле дел од настаните на 27 април ќе бидат повикани да ја изнесат нивната верзија за случувањата.