(ВИДЕО) НЕУМОРНИОТ ЗАЕВ ПРОДОЛЖУВА СО 10 НАСТАНИ НА ДЕН, ОД УТРО ПА ДОЦНА ВО НОЌТА, ТЕХНИКА ВО ПОЛИТИКАТА ПРВ ПАТ ПРИМЕНЕТА ОД ЛЕГЕНДАРНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА БОСТОН, ТОМАС МЕНИНО

0
1441

Поминува уште еден работен ден за премиерот Заев, а тој веќе бил  на 5 настани а до вечер го чекаат уште толку. И така секој ден, цела година а веројатно така ќе тера до крај на мандат.

Тоа е политичка техника која во светската политика ја има применето прв легендарниот градоначалник на Бостон, Томас Менино кој за 20 години додека бил градоначалник на милионскиот Бостон, успеал да се ракува со 500 000 жители на градот, дел од нив успеал да ги прими во кабинет, дел да ги посети во нивните домови или пак на нивните работни места.

Секој ресторан, работилница, болница, канцеларија во Бостон има слика со градоначалникот потпишана од него кога дошол на посета во текот на неговиот две децениски мандат. Дури, на крајот, скрши нога па со штака шпарташе по Бостон и со инвалидска количка. Таквите политички фанатици и воркохолици кои уживаат да му служат на народот добиваат поддршка на долг рок и имаат висок рејтинг.

Инаку тој пристап потоа од Менино го позајмија и Бил Клинтон и Обама па почнаа да одат по сендвичари и локални ресторани за да ручаат со обичните граѓани и да посетуваат фабрики и фарми.