ВИДЕО: Нема преодна влада со криминалци

0
1198

protest 6 jj

Граѓаните и активистите од #Протестирам сметаат е дека никаква преодна влада нема да биде прифатена со криминалци во неа.

– 5 мај е денот кога беа претепани наши колеги и оттука и’ порачуваме на власта дека втор пат нема да можат тоа да го направат, ниту ќе им дозволиме да го направат, рекоа од #Протестирам.

Колоната граѓани од булеварот „Климент Охридски“ се упати кон Министерството за правда, а оттаму маршираа до читалната „Браќа Миладиновци“, каде ноќта на 5 мај беа брутално приведувани студентите што полицијата ги затекна таму, под сомнение дека учествувале во толпа.

Демонстрантите скандираа „Николче диктаторче“, „Убијци“, „Нема правда нема мир“.

Движењето денеска обележува еден месец од насилните протести во кои што беа приведени многу млади, а неколкумина добија условни и затворски казни.

За утре е најавен голем протест по повод четиригодишнината од убиството на Мартин Нешковски.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=k0Wc_PrdhXE[/youtube]