(ВИДЕО) Неколку илјaди кумановци на протест заради смртта на 4-годишниот Алмир

0
1246

Транспарент „За правда“, неколку илајди кумановски граѓани и еден час марширање низ центарот на градот. Протестот за 4-годишниот Алмир кој беше прегазен со автомобил заврши пред судот со порака од невладината организација „Зани“ дека секој кој ќе изврши нехуман акт треба да се казни според кривичниот законик, објави Телма.

kumanovo_protest1-670x375

Побараа виновникот за инцидентот да ја добие највисоката казна.

„Животот на едно дете не може да се компензира, но максималната казната за сторителот малку ќе ја намали болката на семејството. Апелираме на сите политички субјекти да ги остават нивните лични интереси на страна и да се грижат општествен интерес од кој што е дел и животот на едно дете, порача Бекон Лимани од невладината организација „Зени“.

Присутните на протестот сметаат дека  почитување меѓу етникумите треба да биде поголемо, но потребни се и повисоки казни.

„Лично барам и апелирам судството да донесе построги закони конкретно во сите недоразбирања помеѓу разните етникуми да имаме построги казни. Јас да сторам некое дело да сум казнет двојно построго отколку да сум направил едно дело кон еден исто Албанец, смета Авди Авдиу.

И двете семејства претходно се изјаснија за инцидентот, родителите на Бојан Илиќ побараа органите да го казнат соодветно, а пак роднина на 4-годишниот Алмир побара на инцидентот да не му се става етнички предзнак. Тоа што требало да се случи, се случило. Не сакат одмазда туку судот да ја истера правдата.

30-годишниот Бојан Илиќ кој што го прегази малиот Алмир заработи кривични пријави за насилство и убиство бидејќи според МВР намерно удрил во дететото, таткото и мајакта, а таткото на Алмир и двјаца негови роднини МВР ги товари за насилство, бидејќи на прегазувањето и претходела расправија и физичка пресметка.

Алмир почина под 5 дена лекарска нега, а неговата мајка се уште се опоравува од повредите од инцидентот.

Илиќ,  кој управувал со мерцедесот кобната ноќ претходно немал проблеми со законот.

Видео ОВДЕ