(ВИДЕО) Невладините за протестите во Бутел: Завеса за криминалот на ДПМНЕ и ДУИ

0
1052

Пред секој изборен процес се случуваат верско –етнички проблеми, вели Џабир Дерала од Цивил. Според него, последните случувања со орелот и крстот на кружните текови во Чаир и Бутел се последен обид, владејачките партии да кренат димна завеса пред криминалот за кој треба да одговараат, пренесува ТВ21.

„Ова е навистина веќе дотаму дојдено што веќе никој не го прифаќа. Едноставно ги одбива овие обиди, да се крене таа чадна завеса пред одговорноста за криминалот.“, смета Дерала од Цивил.

Според Рамадан Рамадани, доколку се споредат немирите на Кале и протестите во Бутел, фали една важна компонента, а тоа е народ.

„Тука можете да приметите дека на двата собира во Бутел кои се одржаа, скоро 99 посто сите беа партиски и јавни функционери.“, рече Рамадани.

https://www.youtube.com/watch?v=hjAESoU6y5M

Специјалното јавно обвинителство, прочистувањето на избирачкиот список, опозициските партии, според Рамадани создале пресија врз владејачките партии, да влезат во такви позици. Бојан Маричиќ вели дека ова е последен обид на владејачките партии да го закопаат Договорот од Пржино.

„Упорно се обидува власта да игра на картата на меѓуетнички тензии,ова е сега најнова измислица и граѓаните не ја прифатија и оваа провокација и фрлената ракавица од страна на владејачките партии.“, изјави Маричиќ.

Селски драмолетки на сред град, вака беше оценето поставувањето на орелот и крстот од страна на граѓанските организации. Најголем дел од учесниците на трибината „Дали е можно спроведување на фер и демократски избори на 5 јуни“ се согласија дека без исполнување на минимум услови, одржување на избори не е можно.