(Видео): На 12 годишната Мартина ИТНО и е потребна операција на рбетниот столб, родителите во грч а џаболебарите во ФЗО не мрдаат ниту со мал прст!

0
1174

Мартина има 12 години и сколиоза која прогресивно напредува. Потребна и е итна операција на ’рбетниот столб, во Турција, каде е договорено се, освен парите за хирушката интервенција која чини 40 илјади евра. Полни два месеца, семејството не добило одговор од Фондот, дали ќе одобрат средства за лекување на девојчето, пренесе Канал 5.

Родителите во грч бројат денови, сограѓаните, главно преку естрадата и ликовните уметници од Струмица, во меѓувреме покренаа низа акции за да се соберат средства за операцијата. Се организираа хуманитарни концерти, аукција на слики, отворени се телефонски линии и жиро сметки за донации. За сето време, се собраа едвај четири илјади евра.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=0O4-Zj4_iSI[/youtube]

Мартина Стојковска веќе 5 години се бори со деформитетот на р’бетниот столб. На почетокот кога била откриена сколиозата, Мартина имала само седум години, а деформацијата била 28 степени, сега, пет години подоцна прогресира на над 105 степени.

Покрај сите неуспешни обиди на лекарите во државата да се справат со сколиозата, да го стопираат прогресот и ја корегираат истата, родителите мораат спасот да го бараат надвор од државата со што е потребна итна и неодложна операција во странство за да може девојчето слободно да дише, да се храни, да седи и да се движи.

Деформацијата е дотолку опасна што доколку не се изврши хируршката интервенција на време може да ја парализира и да доведе до влошување на нејзината здравствена состојба во целост.

Хуманитарните акции кои се организираат за собирање пари за нејзиното лекување, симболично се наречени Магија за Мартина. Девојчето кое е вљубено во боите на животот и обожава да слика, магијата ја бара во шансата да добие соодветен лекарски третман.