(ВИДЕО) НА ПРИЛЕПСКИТЕ ВМРОВЦИ ПО ДВАНАЕСЕТ ГОДИНИ ЛОКАЛНА ВЛАСТ ИМ ТЕКНА ДЕКА НЕ Е ПРОМЕНЕТ НЕКОЈ ВЕНТИЛ ОД ТОА ПРИЛЕПСКОТО ВЕШТАЧКО ЕЗЕРО И ДЕКА СО ТОА ЕЗЕРОТО СЕ ПРАЗНЕЛО, И ДУРИ СЕГА ГО ГЛЕДААТ ТОА ПО ДВАНАЕСЕТ ГОДИНИ И БАРААТ ДА СЕ ЗАМЕНИ?!?!

0
1301

-Иако истото беше испразнето, наводно за некаква смена на вентил, нашите информации говорат дека ваква смена не е направена. Прашуваме, дали е променет вентилот за кој намерно беше испразнето вештачкото езеро? Доколку не е направена промена, зошто беше испразнето езерото и дали некој ќе сноси одговорност за вакво несериозно работење? Колку метри кубни вода има моментално во езерото, ако се знае дека максималниот капацитет е околу 6 милиони? Дали моменталната количина на вода ќе биде доволна за наводнување оваа сезона?

Исто така прашуваме, кој ќе сноси одговорност за уништување на рибниот фонд во ова езеро? Ако се има предвид дека не е направена смена на вентилот, дали после сезоната за наводнување повторно ќе има празнење на езерото, а со тоа ново уништување на рибниот фонд, кој најверојатно ќе заврши во некој од рестораните? Со вакво неодговорно работење пред се’ е загрозена егзистенцијата на земјоделците кои си имаат потпишано договори за наводнување, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп.