(ВИДЕО) Најчевска: Доста беше, не одиме ни чекор наназад и не ви се плашиме!

0
1479

timthumb.phpСе работи за тоа дека ни газат по основното човеково достоинство, дека не тераат да молиме за она што ни припаѓа. Се работи за тоа дека не тераат да се лигавиме на секоја коска која што ќе ни ја фрлат, дека сме подолу од најдолните. Ни со една нога не сме влегле во 21 век. Се работи за тоа дека сме заробени во овој кенеф за кој што не убедуваат дека е палата од соништата, рече пред демонстрантите универзитетската професорка Мирјана Најчевска, пренесе А1он.

Многу е проста работата, се работи за високи функционери кои што лажеле, краделе, мамеле, се заканувале, измачувале и убивале и сме ги фатиле на дело. И сега се обидуваат да се извлечат, не се работи за политика, не се работи за идеологија, не се работи за различни мислења и различни перцепции, се работи за најобични криминалци кои што не сакаат да одат во затвор, рече Најчевска.

Според неа, секоја мафија мора да оди на робија и за да покажат дека не се плашат, ги повика демонстрантите секој од нив да фрли по една колоритна бомба со која ќе го обележат тоа што е на граѓаните, а не на партијата.

– Ни ја уништија сегашноста и ни ја заробија иднината. И нашата и на нашите деца и на нашите внуци. Доста беше, не одиме ни чекор наназад и не ви се плашиме, рече Најчевска.

Видеото може да го погледнете ОВДЕ