(ВИДЕО) Наумовски: Обвинитиелството да покрене одговорност за Коце Трајановски

0
1296

Пералницата за пари, преку спомениците вредни на 630 милиони евра, не запира со голтање на народните пари. Најновиот ревизорски извештај за 2015 година на Град Скопје упатува на бројни злоупотреби поврзани со Скопје 2014. Надлежните инаституции молчат, го кријат криминалот.

Јасно е дека во Македонија не функционираат институциите, сите се ставени во функција на партијата на власт. Заради тоа народот е на улиците барајќи правда, борејќи се за слобода и демократија.

Јавното обвинителство не смее да чека туку веднаш треба да побара одговорност од Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски.

Пробиени рокови, не уплатени гарантни суми на изведувачите, безброј анекс договори, омилени за ВМРО­ДПМНЕ, со кои се зголемува основната вредност на објектите и се перат пари. Склучени договори со еден изведувач, потоа раскинат договор и избран на пола работа друг изведувач.

Нови фантомски договори за непредвидени работи во висина од на 1 милион Евра.

Промашување на тендерската цена за катните гаражи „Македонска фаланга“ и „Тодор Александров“, ни помалку ни повеќе, за неверојатни над 1 милион евра. Невиден криминално­тендерски хаос.