(ВИДЕО) Могерини пред пратениците во собрание: Кога ќе се сетам што се случувше тука пред една година и што се случува сега, просто не ми се верува!

0
1002

Чистата препорака на Европската комисија е резултат на напорите на Владата, но и на соработката на опозицијата, истакна високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могеринии денеска во обраќањето пред пратениците во македонското Собрание, која изрази задоволство што опозицијата се врати во законодавното тело.

– Вие ја споделувате обврската за иднината на своите граѓани. Владата има одговорност да и отвори простор на опозицијата за целокупна вклученост, а опозицијата има одговорност да се вклучи во целата оваа работа. Имате одговорност да ги идентификувате националните интереси и приоритети на вашата земја, имате колективна одговорност да соработувате во институциите за да постигнете резултати во националните приоритети, им порача Могерини на македонските пратеници.

Додаде дека Македонија се вратила патот кон Европската унија и тоа е местото на кое земјата треба да се наоѓа.

– Кога ќе се сетам што се случувше тука, во Собранието пред една година и што се случува сега можам да кажам дека поминавте долг пат. Позитивно е што се вративте на патот, ја поминавте најлошата политичка и институционална криза, со која некогаш сте се соочиле. Препораката е големо достигнување за сите во земјата и таа е пред се достигнување кое се постигна благодарение на одлучноста на секој граѓанин на оваа земја, рече Могерини.

МОГЕРИНИ ВО СОБРАНИЕ

Ги пофали досегашните реформи, усвојувањето на законите во важните области, но повтори оти сега е потребно земјата да се фокусира на нивната имплементација.

Изрази уверување дека преговорите со Грција ќе доведат до решение за спорот за имет, кое ќе ги задоволи двете страни и ќе биде основа за идната обединетост на европскиот континент.

Фото: МИA

Видео – ТВ24