(ВИДЕО) Младеновска: Образованието во Крива Паланка е легло на непотизам

0
1732

„Образованието во Крива Паланка е во комплетен хаос.

На двајца професори по физичко образование не им е продолжен договорот за работа и тие од први септември се без работа.

Од друга страна, директорот на ООУ „Илинден“ којшто вчера без срам се појави во јавноста од партиската говорница на ВМРО-ДПМНЕ, ја вработи својата сопруга, инаку дипломиран метеоролог, на нессодветно работно место, во истото училиште“, рече Ивана Младеновска, СДСМ Крива Паланка.

„Претседател на Училишниот одбор во средното општинско училиште е сопругата на актуелниот градоначалник на Крива Паланка.

Во „ООУ „Јоаким Кричовски“ се чека исходот од истрагата за криминалните набавки и тендери спроведени претходната година.

Образованието во Крива Паланка е легло на непотизам и криминални дејствија.

Со доаѓањето на власт на новата, одговорна влада на СДСМ, преку сеопфатни проекти, ќе се променат сите недостатоци во образованието во Крива Паланка и во Македонија. Сите оние кои го урнисаа образованието ќе понесат одговорност за нивното незаконско работење.

Промените доаѓаат и тие ќе донесат нов квалитет во образовниот процес, како на локално, така и на државно ниво.

Македонија ќе добие квалитетен и современ образовен систем“, изјави Ивана Младеновска, СДСМ Крива Паланка.