(ВИДЕО) Мехмедовиќ: Има системски пропусти за грипот, итно е потребна совесна власт на граѓаните!

0
1094

Интегрално ја пренесуваме прес-конференцијата на Злате Мехмедовиќ, член на Комисијата за здравство:
„Објавивме дека Македонија е прва по болни од грип во Европа, што можеше да се дознае од Светската здравствена организација, бидејки оваа власт во заминување сокри од граѓаните.

Граѓаните мораат да ја знаат реалната состојба со грипот и вирусите за да можат соодветно да се грижат за своето здравје.

Но тоа не е единствениот пропуст на неодговорната власт.

Не е испочитувана препораката на Светската здравствена организација, да се вакцинираат 75 проценти од старите лица, како и лицата кои спаѓаат во приоритетните ризични групи!

Според официјални податоци од Институтот за јавно здравје, во земјава набавени се 10 пати помалку вакцини од потребите на граѓаните. Вакцинирани се само 7.7 проценти од лицата на возраст над 65 години и иако децата најчесто заболуваат, вакцинирани се само само 10 деца на возраст до 5 години!

Посебен проблем е тоа што граѓаните со таканаречениот Мој термин губат време по ходниците на болниците додека да дојдат до соодветниот лекар за да им ја постави точата дијагноза.

А проблем е и тоа што голем број граѓани не можат да си дозволат да платат болничко лекување и се лекуваат дома.

Со оглед дека епидемиолозите предупредуваат дека пикот на грипот може да се очекува во месец февруари, повеќе од јасно е дека не е доволно продолжувањето на распустот на учениците за неколу дека.

Проблемот и во овој случај е системски. Оваа несериозна власт заинтреесирана само за тендери не може да се грижи за здравјето и потребите на граѓаните. Затоа граѓаните избраа промени и тие треба брзо да се преточат во институциите на системот.

Здравството е еден од приоритетите во нашиот План за живот во Македонија.

Ние ќе воведеме бесплатно болничко лекување за сите, за ничие здравје да не зависи од тоа дали има или нема пари. Ќе ја зајакнеме превентивната здравствена заштита во секоја смисла, здравствената едукација за вакцинацијата и ќе ги почитуваме сите светски практики за квалитетна здравствена заштита. Ова се само дел од мерките со кои според највисоките светски стандарди и препораки ќе го штитиме вашето здравје. Нема да дозволиме да се повтори уште една ваква зима за граѓаните на Република Македонија“, се наведува во соопштението.