(ВИДЕО) МЕГА СКАНДАЛ ОД ОГРОМНИ РАЗМЕРИ – Џаферовски: Околу 5 илјади граѓани на Пласница пијат загадена вода, Тодоров ги крие извештаите!

0
1770

Граѓаните на општина Пласница пијат загадена вода а тоа се крие од јавноста. Скандалот е огромен! Доведена е во опасност здравјето на околу 5 илјади жители од оваа општина, изјави денеска Аднан Џаферовски, член на Извршниот одбор на СДСМ.

„Еве го последниот Извештај од тестирањето на Центарот за јавно здравје од Прилеп кој вели, цитирам: „Водата не е здравствено исправна заради наод на бактерии од црвено потекло, како и зголемена матнотија и присуство на органски материи и не смее да се користи за пиење“. Овој извештај од 29.06.2016 година се крие од јавноста.10 години од Центарот за јавно здравје во Прилеп стигнуваат извештаи дека водата во Пласница е загадена но ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Никола Тодоров ги кријат овие извештаи од граѓаните. Никој не е известен дека водата е забранета за пиење. Ниту во училиштата кадешто учат најмалите. Кај граѓаните постои оправдан револт. Но криминалната власт наместо да го реши проблемот им создава нови проблеми на граѓаните. Преку извршители се принудуваат граѓаните по секоја цена да плаќаат за вода што не е за пиење. Градоначалникот од ДУИ Исмаил Јаоски и Никола Тодоров мора да понесат одговорност. Јаоски веднаш треба да си поднесе оставка за овој скандал! СДСМ бара надлежни институии да престанат да ги лажат граѓаните и веднаш да изнајдат решенија за овој горлив проблем со кој се соочуваат. На криминалниот начин на владеење, самоволието и недомаќинското работење на ВМРО-ДПМНЕ на штета на здравјето на граѓаните му доаѓа крај“, рече Џаферовски.