(ВИДЕО) МЕГА СКАНДАЛ – Груевски ТОТАЛНО ОДЛЕПИЛ: Мува не го лазело за смртта на Мартин Нешкоски, демонстрантите од 5-ти мај, смеејќи се како недоквакан, ги нарече ХУЛИГАНИ!

0
1515

За време на вечерашниот отчет на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на партијата, Никола Груевски, рeче дека мора да каже една, како што ја нарече, анегдота.

„Анегдотата“ на Груевски се случила на 5 мај, додека пред Владата се одвиваше големиот протест на кој илјадници граѓани го искажуваа својот револт од „бомбата“ за убиството и прикривањето на убиството на младиот Мартин Нешкоски, пренесе „Либертас“.

Сепак, Груевски не бил воопшто загрижен ниту за Нешкоски, ниту за тие што протестирале за ова, туку многу бил исплашен да не ја изгуби инвестицијата за која имал договорено средба вечерта во Владата.

Тој ги нарече демонстрантите хулигани, а воопшто не спомена за што протестираа.

– Во еден момент дојде до една ситуација во која што тој вели, ние сме речиси определени да инвестираме кај вас, но имаме една голема загриженост. Јас помислив дека е тоа што се случува надвор пред Владата, но тој рече – многу сме загрижени што следејќи ве, гледаме дека државата оди многу брзо напред што значи дека платите може да одат нагоре и не знам дали долгорочно ќе бидеме конкурентни ако изградиме фабрика и продолжите со вакво темпо. Мене ми олесна многу бидејќи не беше тоа што очекував па почнав да му објаснувам дека тоа не е толку страшно, дека треба да инвестираат и така натаму – раскажуваше Груевски.

Ве потсетуваме на „бомбата“ за Мартин Нешкоски која беше поттик за протестот на 5 мај, кој го вознемирил Груевски.

Видеото со изјавата на Груевски може да ја погледнете ОВДЕ