(ВИДЕО) МВР НА ГОЦА БРКЛА НИКОГАШ НЕ НАПРАВИЈА ПРЕТРЕС НА ОВИЕ МЕСТА ПОРАДИ ДОГОВОРОТ СО ДУИ : МВР со кое раководи Оливер Спасовски затвори десетици кафани во Тетово и Гостивар!

0
2429

Приведени се 26 лица, а издадени се забрани за работа на 19 угостителски објекти во Тетово и Гостивар при контрола што ја спровеле ноќеска полицијата и Државниот пазарен инспекторат во 31 објект во овие подрачја. Акција е спроведена и на подрачјето на СВР Битола, но не се констатирани посериозни прекршувања на законите. На подрачјето на СВР Велес, пак, при алкотестирање на 232 возачи, е утврдено присуство на алкохол кај 29.

– За време на контролата се приведени 26 лица, 16 македонски државјани поради поседување наркотична дрога и непоседување документи за лична идентификација и 10 странски државјанки, девет од Србија и една од Црна Гора поради злоупотреба на туристички престој и нерегулиран престој во РМ – изјави денеска Лазе Велковски, директор на Бирото за јавна безбедност.

Забраните за вршење дејност се во траење од 15, односно 30 дена, за непоседување фискален апарат и неиздавање фискална сметка, но и заради вршење угостителска дејност без регистрација.