(ВИДЕО) Манчевски: Уставниот суд да одлучува законски а не по партиски наредби

0
983

И граѓаните на Гостивар масовно пријавуваат неправилности во избирачкиот список. Клучно е во следниот период Државната изборна комисија да направи и теренска проверка со што ќе се отстранат неправилностите од избирачкиот список. Неправилности коишто ги создадоа бандата на Никола Груевски, Мијалков и Ставрески за да ги крадат претходните избори, рече Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ.

10 години ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ имаа мнозинство и контрола над државната изборна комисија. 10 години сестринските ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ имаа контрола и над министерството за внатрешни работи и ништо не направија за да се отстранат овие неправилности.

За сите криминали, оние што ги сториле ќе одговараат.

Затоа е клучно Уставниот суд во среда да одлучува согласно Уставот, а не согласно партиските наредби на ВМРО-ДПМНЕ.

Деновиве гледаме дека и Ѓорѓи Иванов знаел да зборува. Кога е тоа веќе така, го прашуваме јавно да одговори дали ги прифаќа ингеренциите да аболира криминалци коишто го прекршиле изборниот законик?

Јавно го прашуваме дали има добиено наредба и дали планира да ги аболира криминалците на Никола Груевски, Мијалков и Ставревски.