(ВИДЕО) Манчевски: Усвоени неколку заклучоци за подобрување на безбедноста на сообраќајот во Скопје

0
1021

Изјава на Дамјан Манчевски, координатор на советничката група на СДСМ и коалициските партнери во Советот на Град Скопје и потпретседател на СДСМ:

На последната седница на Советот на Скопје, по иницијатива на СДСМ и коалицијата се усвоија неколку заклучоци во однос на подобрување на безбедноста на сообраќајот во Скопје. Од поважните ги издвојуваме:

Во рок од 4 месеци да се изврши мапирање-одбележување на тн. црни точки, односно опасни места.

Да се одвојат повеќе пари за подобрување на хоризонталната и вертикалната сигнализација.

Повеќе пари за пешачки премини со контрасти на уличното осветлување.

Градот во соработка со општините да утврди Предлог-зони за смирен сообраќај. Места во градот каде брзината на автомобилите ќе се ограничи на 30 km/h или помалку.

Да се формира Советот за безбедност на сообраќајот на Град Скопје.

Да се изготви план за поставување на дигитални мерачи за брзина.

Градот да побара од МВР засилена контрола, спречување и санкционирање на за загрозување на безбедноста на сообраќајот во Град Скопје, особено со користење на улиците за тн. ноќни трки.

Останува едно од нашите клучни барања, за ограничување на максималната брзина за движење низ Скопје на 50 километри на час. Бараме од МВР веднаш да ја спроведе оваа мерка.

Дополнително, бараме значително зголемување на буџетските средства за изградба на велосипедска инфраструктура. Велосипедите не се рекреативно, туку превозно средство за голем број граѓани.

Едногласното донесување на заклучоците на предлог на СДСМ и опозицијата е во интерес на граѓаните. Тоа покажува дека безбедноста на граѓаните не познава партии и така треба да биде. Сепак, мораме да констатираме дека овие работи одамна требаше да бидат направени. Можеби ќе се спасеа човечки животи.

СДСМ и коалицијата интензивно ќе ја следат имплементацијата на мерките кои очекуваме веднаш и без одложување да бидат спроведени.

Проблемите со безбедноста во сообраќајот не се само на скопјани. Најавуваме дека СДСМ ќе спроведе кампања за имплементација на слични мерки во сите поголеми градови во државата.