(ВИДЕО) Манчевски: Струга е целосно заборавена од власта, неопходни се промени

0
1323

Училиштата во Струга немаат пари за струја и греење, а се најавува затворање на паралелки и отпуштање на наставници, изјави потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, денеска на прес конференција во Струга.

– Училиштата во Струга немаат ниту за греење, ниту да ја платат струјата. Се најавува затворање на паралелки и отпуштање на наставници. Ситуацијата мора да се смени. Тоа е единствено можно со промена на централната власт. Во Струга е потребно да се изгради нова градинка, потребно е да се реновираат училиштата, потребно е да се изгради колекторскиот систем до Радожда – изјави Манчевски.

Тој истакна дека проблемот е што власта веќе десет години ја заборава Струга во ребалансот на буџетот.

– Десет години власта на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ целосно ја има заборавено Струга. И во најновиот ребаланс на буџетот, Струга ја има само во блок дотациите на буџетот, но и таму ситуацијата е катастрофална. Се работи за блок дотации коишто не се доволни – рече Манчевски.