(ВИДЕО) Манчевски: Скопје 2014 изеде 4446 градинки, Груевски излажа, пари во Буџетот за нови нема!

0
1277

Во предлог буџетот за 2017 година никаде ги нема 140-те детски градинки кои обвинетиот Груевски вети дека ќе ги изгради за три и пол години, во вредност од 25 милиони евра, изјави денеска Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ.

Во предлог-буџетот за 2017 година, за изградба, опремување и одржување на градинки, за следните три години има само 1,29 милиони евра.

„Обвинетиот Груевски не може ниту да ветува, ниту да реализира проекти од интерес на граѓаните. Тој со години, парите на граѓаните ги фрла на раскош и луксуз, кои изедоа илјадници градинки. Вредноста на целиот проект Скопје 2014,  надмина 667 милиони евра. Овие пари изедоа 4.446 градинки. Само проектот, како што го нарекуваме Тркалото на лудоста, чини 19 милиони евра. Тоа значи дека со овие пари можеа да бидат изградени 126 детски градинки. По декември, новата влада предводена од СДСМ ќе донесе сосема нов буџет, кој на прво место ќе ги стави потребите на граѓаните. Ќе обезбедиме средства за нови реални градинки. За нови реални работни места со повисоки плати, и за нови поддршки за домашните фирми“, рече Манчевски.

gradinkisdsm