(ВИДЕО) Манчевски: Новата лудост на власта со барокни фасади нема да успее

0
1095

D.Manchevski-735x400Изјава за медиуми на Дамјан Манчевски:

Новата лудост на власта на Никола Груевски нема да успее.

Граѓаните нема да дозволат Градскиот трговски центар, МОБ и Универзитетската библикотека да ги сменат фасадите во барокни.

Пред да има можност да се реализира оваа безумие ќе дојде до смена на власта на фер и демократски избори.

Новата, демократска власт веднаш ќе ги стопира овие криминални проекти.

Затоа, ги повикуваме сите домашни и странски градежни компании да не учестуваат на повикот, кој евентуално би го распишала криминалната влада на Никола Груевски.

Веднаш по смената на власта, средствата наменети за новите барокни фасади, ќе бидат пренаменети за гасификација на Скопје и за други неопходни потреби на граѓаните.

Ги повикувам функционерите на ВРМО-ДПМНЕ, чесните  и одговорни поддржувачи на ВМРО- ДПМНЕ, да ја откажат послушноста на Никола Груевски во спроведувањето на лудилото со Скопје 2014.

Граѓаните на Скопје, но и цела Македонија апсолутно се спротивставуваат на трошењето на пари за раскош и луксуз. На ова безумие можеме заедно да му ставиме крај.

Крајот се ближи, готово е.