(ВИДЕО) Манчевски: Нема да поминат срамни одлуки, нема заштита за изборниот криминал

0
975

Најголем проблем во општина Долнени е секако ниската откупна цена на тутунот, односно тутунот се проценува и плаќа за една класа подолу од реалната. Има нерегуларности во однос на распределбата на земјоделското земјиште како и во однос на исплатата на субвенциите, вели Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ.

Она што ние им го ветуваме на граѓаните е дека кражбата ќе запре и дека  парите ќе ги вратат. Нашите заложби веднаш по смената на власта е дека граѓаните ќе добијат реални и навремени субвенции за својот произведен тутун. Дополнително, ветуваме дека ќе ги зголемиме и парите коишто се даваат за субвенции од 140 на 160 милиони евра. На луѓето коишто произведуваат тутун , токму како во Долнени им ветуваме дополнително 1 евро субвенција за секој произведен килограм тутун од прва класа.

Тоа не се единствените проблеми. И патот којшто ги поврзува Прилеп со Долнени, Кривогаштани и Крушево е регионален пат и тој веднаш мора да биде реновиран.

И овде во Долнени граѓаните се апсолутно незадоволни од обидите на Никола Груевски , Мијалков, Ставревски и нивната банда да се спасат од изборните нерегуларности. Луѓето се загрижени заради одлуката на Уставниот Суд да се обиде да ги амнестира заради изборните нерегуларности.

Она што СДСМ и граѓаните го ветуваат е дека ова нема да помине. Секој којшто направил криминал ќе одговара пред законот.  Со Никола Груевски е готово. Никола Груевски, Мијалков, Ставревски и нивната банда ќе одговараат за се што направиле.

Во Македонија ќе има фер и демократски избори со прочистен избирачки список и со реформи во медиумите.